Силва, Абрахам и Џејмс со посебни пораки до Лампард (ФОТО)

by
1 минути читање

Тијаго Силва е
првиот фудбалер кој го прекина молкот на социјалните мрежи кај фудбалерите на
Челси по врачениот отказ на Френк Лампард од клупата на таа екипа, а примерот
на искусниот бразилски стопер го следеа Тами Абрахам, како и Рис Џејмс.

Познато е дека
посебно чудна беше одлуката, барем за многумина, тоа што Лампард му ја даде
капитентската лента на Силва веднаш по пристигнувањето во тимот, а Бразилецот
се чини дека имал одлична соработка со својот довчерашен тренер, исто како и
Тами Абрахам, како и Рис Џејмс, млади и доста перспективни фудбалери кои добија
голема шанса за докажување од страна на Лампард.

Би сакал да ти
се заблагодарам за се
што ти
и твоите соработници сторија за мене од денот кога дојдов тука, како што и
претходно ти имам споменато, се чинеше како да сме работеле заедно 10 години,
ти благодарам многу за се
легендо
напиша Силва.

Вистински
пример, ментор и одличен тренер, ти благодарам шефе
“ напиша Абрахам.

Како човек што
растел како навивач на Челси, секогаш те земав за пример, ми беше идол, не
можам да објаснам како е да се игра, а да се има тренер како тебе, целото ова
патување беше надреално, не би можел да ти се заблагодарам доволно за тоа што
ми ја укажа довербата и ми укажа прилика да играм за мојот омилен клуб од
детството, ти благодарам за се
што стори за мене, а тоа ќе го користам до крајот на мојата кариера, ти
благодарам што ми овозможи да го живеам мојот сон, засекогаш ќе ти бидам
благодарен
“ напиша Џејмс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×