120
Најдобриот стрелец во изминатата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), напаѓачот на Силекс, Марко Ѓорѓиевски направи трансфер во романскиот вицешампион, Клуж.
Ѓорѓиоски со своите голови го водеше Силекс до втората позиција во македонскиот шампионат, но неговите одлични изданија беа забележани од клубови надвор од Македонија.
Најконкретен беше Клуж кој успеа да го добие потписот на македонскиот напаѓач.
Ѓорѓиевски со тимот на Клуж ќе игра во квалификациите од Лига Европа.
Марко беше дел од младинската школа на Вардар, играше за Шкупи, Борец, Академија Пандев, Вождовац и Раднички Пирот.