Силекс ја победи Шкендија, го освои Купот и ќе игра во Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Силекс е освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, откако во финалето на арената „Тодор Проески“ ја совлада Шкендија со минимални 1-0 (0-0). Со триумфот, Силекс обезбеди и место во квалификациите за Конференциската лига.

Тетовци настапија ослабени без Бесарт Ибраими и Рамадани, додека Васоски се реши Мирчевски да го остави на клупата. Финалето понуди цврста и борбена игра со малку вистински шанси, а најблиску до погодок Шкендија беше преку Красниќи и Нзенгуе, но Џеков беше херојот на Силекс со неколку одлични интервенции.

Кратовци до четвртиот трофеј во клупската историја стигнаа со голот на Алиќ во 71. минута, откако напаѓачот одлично реагираше по асистенцијата на Додев и ја затресе празната мрежа. По примениот гол Шкендија креираше уште неколку нереализирани шанси.

Натпреварот го одбележа и непријатна атмосфера пред стартот, кога за време на интонирањето на македонската химна имаше свирежи од дел од трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×