„Си ми дошол со Мерцедес и златен Ролекс а немаш одиграно натпревар за Ливерпул“ – лекцијата која Клоп му ја одржал на младинец

by
1 минути читање

Во фудбалот се вртат многу пари, во денешно време и младинците во големите клубови заработуваат сосема солидно. На Дејан Ловрен не му се допаѓа ова, Хрватот е стара школа и ги преферира времињата кога помладите ги чистеле копачките на постарите фудбалери.

Тој сега открива една интересна приказна од времето во Ливерпул и како Јирген Клоп му одржал лекција на еден младинец.

„Ќе ви раскажам кратка приказна. Во 2017, на првиот ден од подготовките за новата сезона со Ливерпул, еден 18 годишен фудбалер, нема да го откривам неговото име, дојде на тренинг со Мерцедес и златен Ролекс на раката“ – открива Хрватот, кој потоа направи копија од разговорот помеѓу тренерот на Ливерпул и тинејџерот.

Клоп: „Со кој автомобил дојде на тренинг?“

Младинецот: „Со Мерцедес“.

Клоп: „Што носиш на рака?“

Младинецот: „Ролекс“.

Клоп: „Колку натпревари имаш одиграно за првиот тим?“

Младинецот: „Ниту еден“.

„Следниот ден, тој дојде на тренинг со нормален автомобил и без часовникот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×