Еден Азар беше главна ѕвезда на Челси и еден од најдобрите фудбалери во светот, но не можеше да одолее кога Реал Мадрид пројави интерес за него, реши да си го оствари сонот и да го облече белиот дрес.
Но потегот се покажа како погрешен, честите повреди и вишокот на килограми го спречија да игра на највиско ниво, па ова лето доби раскин на договор и предвреме го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
На негова адреса пристигнаа неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија, САД, Франција и Англија, но фудбалерот од Белгија не е привлечен од ниту една.
Се чини дека по остварување на сонот да заигра во Реал Мадрид, Еден Азар повеќе нема желба да игра фудбал, му се допаѓа семејниот живот, па размислува да оди пензија со 32 години.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.