Судот во Швајцарија првостепено ги ослободи поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Двајцата поранешни високи функционери се сомничат за перење пари и забранети активности во фудбалот. Можат да завршат со затворска казна до пет години.
На денешното судење одново беше побарана затворска казна од 20 месеци поради тоа што во 2011 година Платини и Блатер зеле 1,8 милиони евра од ФИФА за непостоечки долг. Станува збор за финансиска измама поради која обвинителството не се откажува од казна за нив, а ситуацијата се влече веќе неколку години.
За своите активности Сеп Блатер и Мишел Платини уште не се целосно ослободени, иако ова беше позитивен чекор за нив.
Сепак, конечната одлука за судбината за поранешните двајца фудбалски лидери ќе биде донесена на вонредното заседание на апелациониот суд на 25 март во Мутенца.