Килијан Мбапе се најде на удар на медиумите откако објави видео на социјалните мрежи на кое безгрижно вози велосипед, сметаат дека напаѓачот се уште не разбрал што значи да се биде прва ѕвезда на Рел Мадрид.
Килијан Мбапе предизвика нова бура, откако се повреди со репрезентацијата на Франција, наместо да се врати во Мадрид и да работи на опоравување, тој остана во Париз.
Прво беше забележан како се забавува во познат ноќен клуб со својата девојка Естер Експосито, а потоа на социјалните мрежи објави видео на кое безгрижно вози велосипед.
И сето ова се случи само десетина дена по интервјуто на Жозе Мурињо, во кое тренерот јавно ги предупреди фудбалерите да избегнуваат ризични активности.
„За жал, фудбалерот не може да скија или да вози велосипед. Некои го прават тоа зад грбот на клубот… Но мене не ми е важно што пишува во договорот. Мене ми е важно каков однос имаш кон својата работа. Ако паднеш од велосипед, можеш да пропушти три натпревари. А може да биде и многу полошо, да скршиш нога или да заработиш друга посериозна повреда и нема да можеш да играш на највисоко ниво“ – рече тренерот на Реал Мадрид минатиот месец.
Па однесувањето на Килијан Мбапе наиде на жестоки реакции, неколку новинари испратија критики на адреса на Французинот.
„Воопшто не ми се допаѓа ова. Да, клубот може да се согласи и да ти дозволи одредени работи, но според мене, целата работа е погрешна! Ако сакаш да бидеш лидер на еден проект, мора да бидеш пример за другите. Треба да се огледа на Кристијано Роналдо и Раул, кои први пристигнуваа на тренинг и последни си заминуваа. Очигледно Мбапе се уште не разбрал што значи Реал Мадрид. Ако навистина разбираше што чувствуваат навивачите на Рела, немаше повторно да направи ваква работа“ – вели новинарот Томас Ронсеро.
Новинарот Ману Карење се надоврза на ова и рече: „Мбапе има карактерни црти кои не му доликуваат на играчот што треба да го предводи Реал Мадрид и да биде пример за своите соиграчи“.
Сличен беше ставот и на Жозеп Педрерол, водителот на емисијата „Ел Чирингито“ вели: „Мислам дека Мбапе треба сериозно да размисли што сака и кои му се целите. Ако навистина сака да стане миленик на навивачите на Реал, не треба да се однесува вака. Нели тоа беше неговиот сон? Тој ризикува да уништи се!“