Италијанец во квалификациите за ЕП даде гол од 70 метри (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Спектакуларен погодок од неверојатни 70 метри го одбележа натпреварот меѓу младите селекции на Италија и Полска во квалификациите за Европското првенство до 21 година, во групата во која настапува и Македонија.

Италијанците славеа убедливо со 6-2, но посебно внимание привлече Чер Ндур. Фудбалерот на Фиорентина во 55. минута приреди вистинска мајсторија.

По освоената топка на сопствената половина, Ндур забележа дека полскиот голман Лубик е далеку од својата гол-линија, па без многу размислување испрати прецизен удар од околу 70 метри, а голманот Лубик кој беше далеку од гол линијата остана без шанси да интервенира.

За Ндур тоа беше втор погодок на натпреварот, кој Италија го претвори во убедлива победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×