Роналдо донел одлука: Може да заигра пак за Португалија, но со друг селектор!?

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо наводно донел одлука да не се враќа во репрезентацијата на Португалија сè додека селекторската функција ја извршува Жорге Жесус.

Ова го тврди португалскиот новинар Руи Сантос, кој за „Си-Ен-Ен Португалија“ откри нови детали за несогласувањата меѓу капитенот на националниот тим и искусниот тренер.

Односите меѓу двајцата сериозно се нарушија по натпреварот против Норвешка на 27 септември. Роналдо целиот меч го помина на клупата, без да добие ниту една минута на теренот, нешто што не му се случило во репрезентативен натпревар цели 18 години.

По дуелот, ситуацијата дополнително се вжешти. Роналдо не се појави на три тренинзи и го напушти репрезентативниот камп пред Португалија да ги одигра преостанатите два натпревари во циклусот. Според Сантос, петкратниот освојувач на „Златната топка“ бил особено незадоволен од начинот на кој Жесус ја водел целата ситуација, а дополнително го погодиле и неговите јавни изјави.

„Роналдо нема да се врати во репрезентацијата додека Жорге Жесус е селектор“, тврди Сантос, додавајќи дека фудбалерот е исклучително разочаран од развојот на настаните.

По напуштањето на кампот, Роналдо се огласи и преку социјалните мрежи. Во својата порака тој порача дека вистината за неговото заминување од репрезентацијата ќе ја открие кога ќе дојде вистинскиот момент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×