Фудбалерката на Барселона, Мапи Леон, доби суспензија од два натпревари во шпанската Лига Ф, поради контроверзен инцидент со противничка играчка на дуелот со Еспањол одигран во февруари.
На натпреварот од 10 февруари, Леон наводно „ја нарушила приватноста“ на Данијела Каракас, фудбалерка на Еспањол, со тоа што ја допрела во пределот на препоните. Лигата Ф ја потврди казната, но одби дополнително да го коментира случајот.
Шпанската дефанзивка веќе ја одработи првата од двете средби суспензија минатиот викенд против Атлетико Мадрид, а ќе го прескокне и големото дерби против Реал Мадрид.
Леон ги отфрли обвинувањата и изјави дека не сторила ништо непримерно.
„Во ниту еден момент не ја нарушив интимноста на мојата колешка Данјела Каракас, ниту пак ми беше намера тоа да го направам“, истакна фудбалерката на Барселона.