Шпанците пак реагираат за судењето: Еспањол опстана во Ла Лига со спорен пенал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Еспањол со победа над Лас Палмас успеа да опстане во Ла Лига, а овој меч започна контроверзии.

До триумф тимот од Каталонија стигна со пеналот кој го изнуди Алехо Велиз по еден благ контакт со противнички дефанзивец. Судијата Муњиз Руиз покажа на 11 метри, а тоа предизвика контроверзии. Со овој пенал Еспањол стекна предност и од лигата испадна Леганес.

Шпанците реагираат за пеналот кој го спаси Еспањол од испаѓање. Реакција имаше од некогашниот интернационален судија Перез Буруљ кој кажа:

Зошто ВАР не ја гледаше ситуацијата? Кој протокол го спречи судијата да ја види ситуацијата од која некому му зависи опстанокот во лигата? Напаѓачот прв го постави телото и ја турна ногата на дефанзивецот. По мое мислење играчот на Еспањол требаше да добие жолт картон“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани