„Шпалир“ за капитенот: Карвахал го одигра последниот меч за Реал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Емотивно беше на „Сантијаго Бернабеу“ во последното коло од Ла Лига, натпревар на кој од Реал Мадрид со победа од 4-2 против Атлетик Билбао се простија Дани Карвахал и Давид Алаба.

Посебни моменти доживеа Карвахал, кој доби „шпалир“ од соиграчите и на крајот беше носен на раце од фудбалерите на Реал, додека навивачите со аплаузи му оддадоа почит за сè што направи во клубот.

Искусниот десен бек е дете на Реал Мадрид и речиси целата своја кариера ја мина во „кралскиот клуб“. Единствениот прекин беше сезоната 2012/13 кога настапуваше за Баер Леверкузен, по што се врати во Мадрид и стана една од најголемите легенди на клубот.

Во тринаесет сезони со првиот тим Карвахал освои дури 27 трофеи и остави длабока трага во историјата на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×