Шок за Лацио, од топлиот Рим до вистинска зима во Бодо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Лацио ќе биде домаќин на Бодо Глимт во рамките на четвртфиналето на Лигата на Европа.

Италијанските фудбалери пристигнаа на северот на Норвешка за натпреварот, а таму ги дочека вистинска снежна идила. Наместо топлиот Рим каде што деновиве е околу 20 целзиусови степени, во Бодо температурата е околу нулата.

Освен што е многу поладно, пред официјалниот тренинг на Лацио условите беа навистина зимски, со силен снег и замрзнат терен.

Натпреварот во Норвешка ќе се одигра вечерва во 19:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани