Шок за Де Брујн и Наполи: Повредата е многу посериозна отколку што се мислеше!

by Стефан
1 минути читање

Повредата на Кевин де Брујне изгледа е многу посериозна отколку што се претпоставуваше и според последните информации тој ќе го пропушти Мундијалот кој се игра идното лето.

Иако првичните проценки беа дека ќе паузира три до четири месеци, денеска британскиот „Сан“ објави дека шансите капитенот на Белгија и ѕвездата на Наполи да заигра на Светското првенство се речиси непостоечки.

Пред Белгија се уште два натпревари во квалификациите, но Белгијците се сигурни на врвот. Сепак, на Мундијалот може даа останат без услугите на еден од своите најважни фудбалери.

Доколку прогнозите се потврдат, Де Брујне ќе се врати на фудбалските терени дури следната сезона, што претставува сериозен удар не само за белгиската репрезентација, туку и за Наполи, кој оваа година ја брани титулата во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×