Шкендија го претрпе првиот пораз во подготвителниот период. Тетовци беа убедливо поразени од Копер со 4-0 на контролниот натпревар одигран во Словенија.
Иако македонскиот шампион добро парираше во првиот дел, словенечкиот тим поведе уште во 18. минута со погодокот на Суле. До крајот на полувремето немаше промени на резултатот, а Копер остана и со играч помалку.
Сепак, тоа не ги спречи Словенците да го решат натпреварот со три гола за само петнаесет минути во вториот дел. Стрелци беа Сидибе, Монсери и Јуриќ за убедливи 4-0.
Ова беше втор тест за избраниците на Ернест Ѓока, откако претходно ја совладаа романска Аргеш. Следен противник на Шкендија е ЦСКА Софија, меч кој е закажан за четири дена.