Шкендија по петти пат го крена шампионскиот пехар! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), по крајот на мечот со Силекс, фудбалерите на Шкендија ги добија медалите и го кренаа шампионскиот пехар.

Шкендија во витрините стави уште еден шампионски пехар, тетовскиот тим по петти пат е шампион на Македонија.

Денеска го загубија мечот со Силекс со 3-1, но тоа не им го расипа славеничкото расположение.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му го предаде шампионскиот пехар на капитенот, Бесар Ибраими по што славјето можеше да започне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани