Шкендија може уште в среда да го обезбеди трофејот во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкендија може уште в среда да го обезбеди трофејот во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовчани ремизираа против Струга (1-1), а Силекс не го искористи тоа и одигра 0-0 против Работнички. Ова веројатно беше најдобрата шанса за кратовчани да се вратат директно во трката за титулата. Сепак, сега Шкендија е пред освојување на титулата и може да ја обезбеди уште во среда.

Со победа над Работнички в среда Шкеднија ќе ја одржи предноста од четири бода, бидејќи Силекс ќе добие службени три бода против Гостивар. Поради откажувањето на овој тим службен триумф во претпоследното коло добива и Шкендија, па така победа над Работнички ќе значи недостижна предност за кратовчани.

До крајот на сезоната Шкендија игра дома со Работнички, треба да гостува кај Гостивар (службено ќе го добие мечот), а за крај го дочекува и Силекс.

Од друга страна, Силекс ќе запише службени три бода в среда со Гостивар, но ако не дочека кикс на Шкендија во завршните рунди ќе биде без шанси за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани