Шкендија киксираше и во Кратово, Вардар доби шанса да направи огромен чекор кон титулата! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Со два натпревари денеска беше отворено 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое кандидатот за титулата Шкендија продолжи со киксовите и во самиот финиш од сезоната како да го губи чекорот со Вардар.

По изненадувачкиот пораз на Башкими во Тетово, Шкендија немаше простор за нова грешка на гостувањето кај Силекс во Кратово, но и покрај тоа не успеа да слави, одигрувајќи 1-1. Тетовци поведоа во 19. минута преку Нзенгуе и со таа предност заминаа на пауза. Сепак, ситуацијата се искомплицира во завршницата кога Фабрис Тамба беше исклучен по втор жолт картон, по што домаќините ја искористија бројчаната предност и преку Мишов во 88. минута стигнаа до израмнување.

По овој резултат, Вардар добива голема шанса со победа над Башкими да се одлепи на шест бода разлика на три кола до крајот.

Во вториот натпревар, Македонија Ѓорче Петров рутински ги освои бодовите против веќе отпишаниот Шкупи, славејќи убедлива победа од 4-0. Со оваа победа „лавовите“ остануваат во трка за бараж, иако задачата нема да биде лесна, со оглед дека Пелистер има предност од два бода и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×