Шкендија и Силекс денеска ќе ги дознаат потенцијалните ривали во второто квалификациско коло од Конференциската лига на ждрепката во Нион е закажана за 14:00 часот.
Двата македонски претставници ќе бидат меѓу носителите во оваа фаза. Шкендија најпрво ја очекува двомеч со претставникот на Гибралтар, додека Силекс ќе ги одмери силите со белоруски Динамо Минск.
Поради носителскиот статус, тетовци ги избегнаа Панатинаикос и Ријека, а Силекс нема можност да се сретне со бугарски Лудогорец во следната рунда. Доколку успешно ги минат своите први пречки, Шкендија и Силекс ќе добијат нов европски предизвик, а имињата на можните противници ќе бидат познати по денешната ждрепка.