Шкендија Арачиново доведе пет нови фудбалери!

by Стефан
1 минути читање

Шкендија Арачиново продолжува со засилувањето на тимот пред дебито во Првата македонска фудбалска лига. Новиот прволигаш денеска официјално претстави пет нови фудбалери кои треба да помогнат во остварување на целите во претстојната сезона.

Нови членови на екипата станаа Мартин Тодоров, Хадис Весели, Аритон Мехмед, Есмин Личина и Сумер Хасан.

Личина и Хасан пристигнуваат од редовите на Башкими, Мехмед последно го носеше дресот на Работнички, Тодоров во минатата сезона беше дел од Тиквеш, додека Весели се враќа во македонскиот фудбал по периодот поминат во Косово.

Шкендија Арачиново веќе започна со формирањето на составот за својата прва сезона меѓу најдобрите, а раководството претходно ангажираше уште неколку засилувања со цел тимот да биде конкурентен во најсилното друштво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×