Полскиот голман Војчех Шчесни пристигна во Барселона како решение за кое каталонскиот гигант немаше многу време да реагира, но се покажа како одличен избор.
Шчесни ја одзема улогата на првотимец на Пења и најавите од Шпанија се дека Барселона ќе сака да го задржи и по крајот на сезоната.
Договорот на Шчесни истекува за четири месеци и Барселона сака да му понуди соработка на уште една година.
„Ако Шчесни сака ние сме подготвени да го задржиме. Сигурно е една од опциите затоа што покажа дека е важен дел од нашиот тим. Не сме разговарале и незнам каков е неговиот став, но сигурно ќе седнеме и ќе дискутираме на оваа тема“, изјави Деко.
Ќе потсетиме, Шчесни потпиша за Барселона откако претходно објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.