Шампионот во Шкотска ќе се одлучува во меѓусебен дуел благодарение на една контроверзна одлука! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Селтик со гол од пенал во 98. минута синоќа дојде до победа на гостувањето кај Мадрвел, а тоа им овозможи во последното коло сами да решаваат за својата судбина.

Многумина сметаат дека пеналот на Селтик беше престрого досуден, но има и такви кои велат дека е чист пенал. Фудбалерот на Мадрвел ја стави раката на глава и така ја удри топката.

Тренерот на Хартс беше разочаран од тоа како Селтик дојде до победата.

„Ужасно. Се чини како сите да се здружиле против нас и дека сакаат да не спречат да станеме шампиони. Мислам дека тоа не беше пенал, многу сум разочаран“, рече тренерот на Хартс, Дерек Мекинс.

За разлика од Селтик кој се мачеше, Хартс со убедливи 3-0 го победи Фалкрик.

Сега Хартс е прв на табелата со 80 бодови, Селтик е втор со 79.

Во последното коло Селтик го пречекува Хартс во директен дуел за титулата. На зелено-белите им е потребна победа, на „срцата“ им е доволно и реми за да го задржат првото место.

Ако Селтик не го победеше Мадрвел со спорниот пенал, Хартс ќе имаше три бода повеќе, има и значително подобра гол разлика, па и со пораз во последното коло ќе беше шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×