Севиља убедлива против ПСВ, само реми за Јувентус со Нант (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Кога Лига Европа е во прашање, Севиља речиси секогаш игра на високо ниво, така беше и вечерва кога го растури ПСВ.

Резултатот беше отворен во судиското продолжение од првото полувреме кога по асистенција од Навас, Ен Несири реализираше за 1-0.

По пет минути игра Окампос постигна убав гол за водство од 2-0, а во 55. минута погодок постигна и Гудељ за конечни 3-0.

Јувентус не го искористи домашниот терен, одигра само 1-1 против Нант. Влаховиќ во 13. минута го отвори резултатот, но Блас по 15 минути игра во второто полувреме донесе реми.

1-1 заврши и дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Митјиланд. Гостите поведоа со гол на Ашур во 77. минута, а Спортинг дури во 94. минута дојде до израмнување со гол на Коатес.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Баер Леверкузен и Монако кој го добија гостите со 3-2, со гол во судиското продолжение.

Монако поведе со автогол на Храдецки уште во деветтата минута, а по три минути игра во вториот дел Диаби го изедначи резултатот. Вирц во 59. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Леверкузен од 2-1, но работите се променија до крајот.

Во 74. минута Диата израмни на 2-2, а во втората минута од судиското продолжение Дисаси погоди за победа на Монако од 3-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани