Севиља промаши зицер во финишот, Баерн преку продолженија до трофејот од Суперкупот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во пресметката на
шампионите од Лигата на шампиони и Лига Европа, Баерн Минхен славеше против
Севиља во Будимпешта. Избраниците на Ханси Флик важеа за големи фаворити, но се
намачија за трофејот од Суперкупот на Европа.

Севиља поведе во
13. минута, Окампос од пенал погоди за 0-1. Но дваесетина минути подоцна, Баерн
изедначи. Левандовски спушти за Горецека а Германецот прецизно биеше за 1-1.

„Баварците“ доминираа
во второто полувреме, но Севиља имаше прилика да приреди големо изненадување.
Една лоша интервенција на Алаба отвори контра, Ен Несири се најде осамен пред
Нојер, но лошо биеше и му даде прилика на голманот да одбрани.

Во продолжението,
Ен Несири ја погоди рамката од голот, па казната за овие промашување пристигна
во 104. минута. Мартинез се најде на право место и одбиената топка по шутатот
на Алаба ја смести во мрежата за 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани