Јувентус прв се израдува на мечот во Севиља, во 65. минута од натпреварот Влаховиќ постигна гол по само две минути откако влезе во игра и донесе предност за својот тим од 1-0.
Но, тој резултат беше актуелен само шест минути, тогаш Сусо постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.
Тоа беше конечниот резултат по 90 минути игра, натпреварот отиде во продолженија.
Во 95. минута Ламела постигна гол со глава за комплетен пресврт и победа на Севиља од 2-1.
За Севиља ова ќе биде седмо финале во Лига Европа, досега имаат шест од шест, тие се најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Во седмото финале ќе играат против Рома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.