193
Алонсо беше втор тренер на Севиља оваа сезона која ја почна Хозе Луис Мендилибар, но тој беше разрешен на 8. октомври. Два дена подоцна шанса доби Алонсо која не ја искористи, па сега и тој заминува.
„Севиља објавува дека ја раскина соработката со Диего Алонсо. Му благодариме за ангажманот и му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, пишува во соопштението на клубот од Андалузија.
Севиља се наоѓа на 16. позиција на табелата со 13 освоени бодови. Тие испаднаа и од Европа откако завршија на последното место од групата во Лигата на шампионите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.