417
По лошиот старт на сезоната, Севиља ја подобрува формата, денеска одиграа одличен меч и славеа убедлива победа.
Имаа фуриозен старт, Ен Несири погоди во седмата минута, а веќе во следната беше 2-0 со гол на Лукебакио.
Во 38. минута Сусо реализираше за 3-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По шест минути игра во второто полувреме Ламела зголеми на 4-0. 20 минути подоцна Суарез погоди од пенал за 4-1.
Конечните 5-1 ги постави Салас во судиското продолжение од натпреварот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.