Севиља го казни Јунајтед за пропуштените шанси и се пласира во финалето од Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед креираше значително повеќе шанси за гол од Севиља, но на крајот тимот од Андалузија се радуваше на финале во Лига Европа.

Возбудувањата на мечот почнаа многу рано, по фаул врз Рашфорд, Манчестер јунајтед доби пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш за водство на Англичаните од 1-0 уште во деветата минута.

Во 26. минута Сусо го изедначи резултатот на 1-1, Севиља се врати во игра, го неутрализираше водството на Манчестер јунајтед.

Тимот на Солшер не искористи многу шанси, особено во првите десет минути од второто полувреме во кои се изнапромашуваа.

Казната стигна во 78. минута кога по асистенција од Навас, Де Јонг погоди за победа од 2-1.

Во финалето Севиља ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Интер и Шахтар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×