Атлетико Мадрид без поголеми проблеми ја совлада Севиља со убедливи 3-0 на „Ванда Метрополитано“ и ја потврди одличната форма во рамките на единаесеттото коло од Ла Лига.
Иако првото полувреме помина без голови, избраниците на Диего Симеоне целосно доминираа и чекаа вистински момент за да го скршат отпорот на гостите.
Тоа се случи во 64. минута кога Хулијан Алварез погоди од пенал за водство на „јорганџиите“. Предноста потоа ја зголеми Тијаго Алмада со прецизен удар од дистанца, а точка на мечот стави Антоан Гризман во последните моменти со трет погодок за домашниот состав.
Атлетико со овој триумф стигна до 22 бодови и го зацврсти местото во горниот дел од табелата, додека Севиља влезе во нова резултатска криза и го запиша третиот пораз во низа, со што остана на единаесеттата позиција со 13 освоени бодови.