Шевченко влезе во политиката, му стана советник на Зеленски

by
2 минути читање

Шевченко кој блескаше играјќи за Динамо Киев и Милан, а потоа беше селектор на Украина ја добил функцијата на еден од советниците на претседателот, веста ја потврди и кабинетот на првиот човек на Украина, но без детали каква точно советничка функција ќе има бившата „деветка“.

Шевченко беше селектор на Украина заклучно со Еуро 2020 каде стигна до четвртфиналето, откако ја победи Македонија со 2-1 во групата во Букурешт, а моментно селектор на оваа селекција која ни е противник во актуелните евроквалификации е Сергеј Ребров, неговиот партнер од незапирливиот тандем на Динамо и Украина во 90-те и почетокот на новиот милениум.

Украина повеќе од година ипол е во војна со Русија после агресијата во февруари лани.

@2024 – Сите права задржани