Сестрата на Роналдо му одговори на Флорентино Перез: Покажи малку почит старецу!

by
1 минути читање

Се шпекулира дека
Кристијано Роналдо сака ова лето да замине од Манчестер јунајтед, па навивачи
на Реал Мадрид синоќа го запрашаа Флорентино Перез за враќање на Португалецот
на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на „кралевите“
без двоумење ја отфрли идејата и кратко им одговори: „Сега? Тој има 38 години“.

Ваквите коментари
очигледно не им се допаднаа на блиските на Кристијано Роналдо, па неговата
сестра се огласи на социјалните мрежи.

„Роналдо можеби
има 38 години (всушност има 37 години) но може да скокне 2 метри и да остане 3
минути. Исто така, неговото тело нема маснотии. Покажи малку почит старецу, ти
имаш 75 години“
– напиша Катија Авеиро на Инстаграм. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×