Сестрата на Роналдо го брани Португалецот: Ужасно е срамно ова што се случува!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо одлучи да не присуствува на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, со цел да се избегне дополнителен медиумски притисок врз семејството и најблиските, меѓутоа поради таа одлука доби и критики.

По бројните коментари, еден ден по погребот се огласи сестрата на португалската фудбалска ѕвезда, Катја Авеиро, која јавно застана во одбрана на својот брат.

„Фанатизмот веќе прави проблеми, критикување без никакви причини. Болно друштво, сите имаме семејство. Ужасно е срамно да се гледаат телевизиските канали, коментарите и друштвените мрежи кои даваат повеќе простор на отсустноста отколку почиита кон семејството кое изгуби двајца браќа. Жално“, порача Авеиро, потсетувајќи на болните моменти по смртта на нивниот татко во 2005 година.

Таа се присети дека во тие моменти не ѝ било воопшто важно кој присуства на погребот и била заслепена од тагата по големата загуба

„Тогаш на погребот присуствуваа познати лица, беше и селекторот Луис Фелипе Сколари, но не се сеќавам дека некого видов. Сигурно ми пристапиле, но од болка бев заслепена“, истакна меѓу другото сестрата на португалскиот ас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×