Сестрата на Икарди ја прозва Ванда: Да имаше сериозна особа зад тебе, немаше да дојде до ова…

by
1 минути читање

Сестрата на Мауро
Икарди ја обвини Ванда Нара за главен виновник на големите проблеми кои
настанаа за аргентинскиот напаѓач кому најпрво му беше одземена капитентската
лента во Интер, за истата да се најде кај Самир Хандановиќ, а потоа не се најде
во составот на Интер за гостувањето во Виена кај Рапид во 16 финалето од Лига
Европа, поради одбивање на Аргентинецот да игра.

Ивана Икарди во
сопругата на својот брат, која воедно е и негов агент, гледа најголем виновник
за комплицираната ситуација во која се најде аргентинскиот напаѓач, сево ова
доаѓа по однесувањето на Ванда околу преговорите за нов, побогат договор на
нејзиниот сопруг и клиент со Нероаѕурите.

Мој драг брату,
зошто продолжуваш да го толерираш сево ова?
“ запраша сестрата на Икарди.

Интер не
дозволува такво однесување, доколку имаш сериозна особа зад тебе, која
навистина се грижи за тебе, немаше да дојде до ова
“ додаде таа во својата
реакција на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани