Сериозни обвинувања кон Роналдо: Крена рака во соблекувалната, удри соиграч!

by
1 минути читање

Изминативе денови
имаше гласини за преселба на Кристијано Роналдо во Наполи, па поранешниот фудбалер
на Наполи и Јувентус, Масимо Мауро даде свое мислење за евентуалната преселба на Португалецот
на југот на Италија.

„Немојте да го
споредувате со Марадона. Диего беше популарен кај сите соиграчи, додека пак Роналдо
носи немир во соблекувалната. Тој дури крена рака во соблекувалната на Јувентус
и удри соиграч. Федерико Киеза треба да има храброст и јавно да каже. Токму
поради ова Пирло не го пушташе да игра на последните натпревари од сезоната“

излезе со сериозни обвинувањата Масимо Мауро.

Од ваквите
коментари нејасно е дали Федерико Киеза е тој кој настрадал или пак офанзивниот
фудбалер бил сведок на настанот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×