150
Натпреварот меѓу Интер и Ривер Плата изобилуваше со тензија која кулминираше по последниот судиски свиреж кога се случи сериозен инцидент.
Интер го доби мечот со 2-0, а тоа значеше елиминација на Ривер Плата од Светското клупско првенство.
Тензија имаше за време на мечот, двајца фудбалери на Ривер беа исклучени, а ситуацијата зовре по крајот.
Играчот на Ривер, Маркос Акуња се стрча да го брка Дензел Думфрис од Интер, интервенираше Киву, други играчи и обезбедувањето, па не се случи поголем инцидент.
Во бркотницата кон тунел, фудбалерите на Интер беа гаѓани со предмети од навивачи на Ривер кои очигледно тешко го прифатија поразот.
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) June 26, 2025