Серхио Рамос не размислува за пензија, го избра новиот клуб (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос до крајот на денот ќе го комплетира трансферот во Рајадос де Монтереј од Мексико.

Се најавуваше дека Рамос по епизодата во Севиља може да објави крај на кариерата, но сепак тоа не се случи и очигледно смета дека и понатаму може да игра фудбал на професионално ниво.

Во редовите на Рајадос, Рамос ќе се приклучи на неговите сонародници Серхио Каналес и Оливер Терес, а тимот од клупата го предводи Аргентинецот, Мартин Демикелис.

Станува збор за клуб кој во минатата сезона заврши како второпласиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани