482
Серхио Рамос стави потпис на договор со мексиканскиот Монтереј и веќе беше промовиран во новиот клуб.
На презентацијата тој доби интересно прашање, кој поранешен соиграч би сакал да го види во Монтереј. Тој без двоумење одговори:
„Модриќ би бил врвно засилување за следната сезона на Монтереј“, прокоментира Шпанецот.
Оваа желба на Рамос е тешка за исполнување, а главната причина е фактот дека големи се шансите Модриќ да остане во Мадрид. Хрватскиот ветеран има 39 години, но и покрај тоа сезонава има 35 настапи.
Се споменува дека Реал е подготвен и по оваа сезона да му даде уште еден договор на една сезона.