215
Милинковиќ Савиќ постојано се поврзува со заминување од клубот, најголемите клубови се интересираа за него, но тој вели дека и следната сезона ќе игра на Олимпико.
„Мојата цел од првиот ден тука беше да играм во Лигата на шампионите со Лацио, сега конечно успеавме да го оствариме тоа“, вели Србинот по вчерашната победа против Каљари.
„Среќен сум тука и фокусиран сум само на Лацио, имам долг договор, па… останувам. Мојот агент нека размислува за одмор“.
25-годишниот фудбалер има договор со Лацио до 2024 година.