Дербито помеѓу Манчестер
јунајтед и Тотнем на Олд Трафорд заврши без победник, домаќините два пати
водеа, но гостите се враќаа.
„Ѓаволите“
поведоа во 3. минута, Хојлунд силно биеше под пречката за 1-0. „Спарси“
изедначија во 19. минута, по еден корнер, Ришарлисон со глава ја затресе
мрежата за 1-1.
Пред крајот на
првиот дел, Рашфорд двојно проигра со Хојлунд и биеше прецизно по земја за 2-1
и нова радост на публиката.
Но само што почна
второто полувреме, Бентакур го матираше Онана за 2-2.
Манчестер
јунајтед имаше неколку прилики да стигне до трите бода, најблиску до нов гол
беше Мектоминеј, кој во последните секудни од мечот, од шест метри биеше со
глава над голот.
Новиот
сопственик, Сер Џим Ратклиф го следеше натпреварот од ложата, покрај легендата
Сер Алекс Фергусон.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.