Сензација во најава, Алегри се враќа во Милан?!

by bojan
1 минути читање

Од Италија пристигнува информација која вели дека Макс Алегри му се понудил на Милан и „росонеритe“ сега разгледуваат колку е изводлива една ваква зделка.

По одлуката да се разделат со Стефано Пиоли, раководството на Милан реши да го именува Пауло Фонсека за нов тренер.

Се најавуваше дека наскоро ќе биде формализирана соработката, но последните информации говорат за сензационално враќање на Макс Алегри на Сан Сиро.

Италијанецот оваа недела постигна согласност за прекин на договорот со Јувентус, и како што пишува Едоардо Мека, Макс Алегри му се понудил на Милан и ги известил „росонерите“ дека е отворен за соработка.

Клубот од Сан Сиро сега разгледува колку e изводлива една ваква зделка.

Макс Алегри беше тренер на Милан во периодот од 2010 до 2014 година и има едно Скудето на клупата на „росонерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани