Сензација во Купот на Германија: Третолигаш ќе игра полуфинале! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Големо изненадување вечерва во Германија приреди третолигашот Арминија Билефилд кој успеа да слави победа од 2:1 и така да го елиминира бундеслигашот Вердер.

Сензацијата домаќините ја најавија уште во првото полувреме по кое имаа предност со 2:0. Првиот гол беше дело на Ворл во 35. минута за потоа автогол да си постигна Малатини.

Вердер во второто полувреме преку Бурке во 56. минута го намали резултатот, но до крајот не успеа да дојде до израмнување.

Арминија така дојде до полуфиналето каде што се Баер Леверкузен и Штутгарт, последниот полуфиналист ќе биде познат по утрешното четвртфинале помеѓу Лајпциг и Волфсбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани