15
Денеска го видовме најголемото изненадување досега на Светското првенство, Шпанија која допатува на Мундијалот со највисоки амбиции не победи против Зеленортски Острови.
Доминираше „Фуријата“ во комплетните 90 минути на натпреварот кој се играше во Атланата, се редеа шанси пред голот на африканската селекција, меѓутоа реалзација немаше.
Средбата избраниците на Де Ла Фуенте ја завршија со над 20 удари кон противничкиот гол, но тоа не беше доволно да се најде патот до мрежата. Зеленортски Острови пак не упати ниту еден удар во рамките од голот и само три надвор од него.
Сега Шпанија бодови во групата ќе мора да бара во следните два натпревари во кои ќе игра со Уругвај и Саудиска Арабија.