Кризата на Реал
Мадрид се продлабочува откако избраниците на Зинедин Зидан вечерва се
избламираа во реваншот против Леганес.
„Кралевите“ пред
своите фанови забележаа пораз од 1-2 кој значеше елиминација во Копа дел Реј.
Минатата недела
Реал Мадрид се намачи на гостувањето на градскиот стадион Бутарке, но со
голот на Асенсио победи со 0-1 и многумина веруваа дека ова ќе биде доволно за
полуфинале.
Но Леганес не се
предаде и вечерва го шокираше фаворитот. Гостите поведоа со голот на Ерасо по
половина час игра и најавија нови главоболки за Зинедин Зидан.
Бензема на
стартот од вториот дел изедначи на 1-1, но во 55. минута следуваше нов ладен
туш кога Габриел по еден корнер ја заби топката во мрежата за 1-2.
Реал потоа
притисна со сите сили по изедначување, но голманот на Леганес правеше чуда и
обезбеди историско полуфинале за својот клуб.