Селтик ја освои титулата во Шкотска и се израмни со Ренџерс

by Стефан
1 минути читање

Шкотскиот гигант Селтик ја освои 55. шампионска титула во клупската историја и се израмни со вечниот ривал Глазгов Ренџерс на листата на најтрофејни клубови.

Селтик ја потврдија доминацијата со убедлива победа на гостувањето кај Данди Јунајтед со 0-5, иако до крајот на шампионатот остануваат уште четири кола.

Историски успех запиша и Џејмс Форест, еден од најголемите симболи на Селтик, кој со освоениот трофеј го запиша својот 26-ти успех со зелено-белиот дрес, поставувајќи нов рекорд како најтрофеен фудбалер во историјата на клубот.

На натпреварот настапија и македонските репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски, кои добија шанса во второто полувреме, влегувајќи во игра во 59. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани