Тибо Куртоа на
големо изненадување реши да не се врати во кампот на репрезентациајта на
Белгија по ремито против Австрија, се говореше дека голманот се налутил зошто Ромелу
Лукаку бил капитен.
Селекторот на
Белгија вели дека е шокиран од потегот на голманот и откри дел од разговорот.
„Заедно одлучивме
дека Ромелу Лукаку ќе биде капитен против Австрија а Тибо Куртоа ќе биде капитен
против Естонија. Сите се сложија со тоа, но по натпреварот против Австрија, тој
побара да разговара со мене и ме извести дека си оди дома бидејќи бил разочаран
и навреден. Од првиот ден се обидувам да му ја покажам почитта која ја
заслужува. Според мене, тој е најдобриот голман во светот. Го обожавам и како
голман и како личност. Шокиран сум“ – рече Доменик Тедеско на прес конференцијата
пред дуелот со Естонија.
По ваквите
коментари, Тибо Куртоа со остро соопштение се бранеше од обвинувањата.
„Изненаден сум
што слушнав како селекторот на прес открива приватен разговор. Не е прв, ниту
последен пат да разговарам со тренер за работи поврзани со соблекувалната, но ова
е прв пат некој да реши јавно да го сподели разговорот. Длабоко сум разочаран и
сакам да разјаснам дека оценките на тренерот не се точни“.
„Во разговорот,
не барав директна придобивка за мене, едноставно барав објаснување со цел да се
избегнат ситуации кои во минатото ни направиле штета. Да се биде капитен не е
каприц или случајна одлука, тоа мора да биде негова одула и се обидов тоа да му
го пренесам. За жал не ја постигнав мојата цел“.
„Инсистирам дека
во никој случај не сум барал ништо, и веќе разговарав со мојот соиграч Ромелу
Лукаку за да ја разјасниме ситуацијата“.
Тибо Куртоа потоа
објасни дека ја напуштил репрезентацијата поради повреда, лекарските тимови на Белгија
и Реал Мадрид биле запознаени со проблемите кои ги имал со левото колено и
тестовите кои биле направени.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.