Шекспир продолжи да ја пишува бајката која ја почна Раниери: Направивме нешто огромно

by
1 минути читање

Лестер ја победи Севиља со 2-0 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Европа со што продолжи да го живее својот неверојатен сон.

Крег Шекспир откако го замени Клаудио Раниери забележа три последователни победи, а најголемата е вечерашната, во Лигата на шампионите.

„Направивме нешто огромно. Играчите и сите во клубот можат да биде неизмерно горди“ – вели Шекспир.

„Влеговме во мечот да бидеме конкурентни, но бевме неверојатни. Имавме и среќа на моменти, но играчите покажаа голем карактер и тоа сите можеа да го видат“.

„Поставивме тактички план на почетокот од мечот и успеавме да го реализираме. Водечкиот гол на Морган ни даде комфорна позиција да го направиме тоа. Шмајхел е одличен голман и секогаш е тука кога најмногу ни треба“. 

„Среќни сме, елиминиравме една од најдобрите екипи во Европа. Музиката од Лигата на шампионите ги крева сите и публиката беше фантастична“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани