ПСЖ синоќа испиша клупска историја откако го освои трофејот од Лигата на шампионите, а кога финалињата се играат во Минхен има една интересна коинциденција.
Досега се одиграле 70 финалиња за трофејот најдобар во Европа, а пет од нив биле во Минхен.
Секогаш кога финалето се игра во овој град, пехарот го освојува некој кој дотогаш го немало освоено.
Вчера таков пример беше ПСЖ, а претходно истото го направиле Челси, Борусија Дортмунд, Маресј и Нотингем форест. Сите екипи си испишале клупска историја во германскиот град.