Манчестер
јунајтед изминатово лето беше во потрага на нов голгетер, често се шпекулираше
со името на Хари Кејн, но раководството на клубот сметаше дека Англичанецот е
прескап и на крајот решија да го ангажираат младиот Расмус Хојлунд, за кого
потрошија 75 милиони евра.
Хари Кејн до овој
момент има постигнато 17 погодоци во Бундеслигата, додека пак целиот тим на
Манчестер јунајтед има 13 во Премиерлигата.
Легендата на
„ѓаволите“, Рио Фердинанд вели дека не разбира како „ѓаволите“ пропуштиле шанса
да го купат напаѓачот.
„Ова беше негов
трет хет-трик, така? Секогаш ќе видам како Хари Кејн позира со топката со која
се играло и постигнал хет-трик, ми доаѓа да повратам!“ – вели поранешниот дефанзивец.
„Се прашувам, „Зошто?“
Зошто Манчестер јунајтед не го купи?“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.