Шефилд нека му ја мисли: Двоецот Фернандеш-Погба вечерва стартува заедно од првата минута?

by
1 минути читање

Пол Погба се
врати на терените, а се чини дека Французинот тоа го стори на одличен начин,
изнудувајќи пенал на гостувањето кај Тотнем (1-1), кој потоа во гол го претвори
Бруно Фернандеш, меѓутоа Французинот направи дар-мар во одбраната на домаќинот
во таа ситуација.

На Островот
известуваат дека Погба е во комбинација вечерва да стартува од првата минута во
дуелот против Шефилд Јунајтед (19,00) на домашен терен во рамките на 31 коло од
Премиерлигата.

Се верува дека
Оле Гунар Солшер сериозно размислува за оваа опција, а доколку се остварат
најавите, тоа би било за прв пат Погба да биде со Фернандеш заедно на теренот
уште од првата минута на еден натпревар.

Фред, МекТоминеј
и Фернандеш беше триото во централниот дел од средината во мечот кај тотнем,
меѓутоа извесно е дека некој од нив тројца ќе отпадне од комбинација за
стартниот состав вечерва, за да се ослободи место за Погба, кој последен пат
беше стартер во ремито против Арсенал во септември ланската година.

Најавите за тоа дека двоецот Фернандеш-Погба би стартувал заедно од првата минута треба да биде голема грижа за Шефилд Јунајтед кој во два меча го расипа впечатокот кој го изгради цела сезона досега, избраниците на Вајлдер воедно и не успеаа гол да постигнат ниту на мечот против Астон Вила, ниту против Њукасл, што е аларм за криза во тој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×