Шефилд јунајтед е „ограбен“, Премиерлигата тргна неславно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Астон Вила и Шефилд јунајтед го одиграа првиот натпревар во Англија по паузата поради коронавирус, мечот заврши без победник 0-0.

Домаќините имаа повеќе шанси, но Хендерсон со неколку фантастични интервенции не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Сепак Шефилд јунајтед е тој кој е бесен по мечот, во финишот од првото полувреме постигнаа чист гол и несфатливо е како не им беше признаен.

Топката со цел обем ја мина гол линијата, но технологијата за гол линија не се огласи, па судијата Мајкл Оливер покажа играта да продолжи.

Нејасно е како Англичаните дозволуваат вакви кардинални грешки во ера на технологија која служи да им помогне токму за овие ситуации. Ова е момент кој ќе предизвика бура од реакции на островото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×